Пол Арнау застана да го брани голот на Логроњес и го однесе својот тим во следната рунда во Копа дел Реј.
Но на крајот клучен беше нереализираниот пенал на уругваецот Стуани за Џирона, но снимките сведочат дека станува збор за чист гол кој судиите не го видоа и не го признаа.
Стуани испрати силен удар кој од гредата заврши зад гол линијата, но судиите не успеаја да го видат тоа, по што Логроњес доби шанса да извојува победа во петтата серија.
Играчот на Логроњес беше прецизен и почна големата прослава за четвртолигашот, меѓутоа очигледно е дека Џирона е сериозно оштетена во Копа дел Реј.
Во оваа фаза од натпреварувањето не постои ВАР систем, па судиите немаа можност да ја прегледаат ситуацијата, па на сила остана одлуката која беше донесена на теренот.