Турскиот вицешампион Фенербахче постигна важна победа во првиот дуел од второто квалификациско коло од ЛШ откако славеше на гости кај швајцарскиот Лугано со 4-3.
Тоа беше деби на официјален натпревар за Жозе Мурињо како тренер на Фенербахче, а најзаслужен за триумфот беше Един Џеко кој постигна хет-трик. Домаќините го отворија резултатот уште во четвртата минута преку Ел Вафи и водеа до почетокот на судиското продолжение кога Џеко од пенал го израмни резултатот.
https://twitter.com/i/status/1815837388373123220Тукушто почна вториот дел Босанецот го донесе Фенер во водство, а по израмнувачкиот погодок на Бислими, Џеко го комплетира хет-трикот за нова предност на гостинскиот тим. На 4-2 зголеми Кадиоглу во 74. минута, а Валенсуела со гол во 94. минута ги задржа теоретските шанси на Лугано да дојде до триумф во овој двомеч.
https://twitter.com/i/status/1815838738288894208Реваншот во Истанбул на програмата е идната недела, а победникот од оваа пресметка, во следното коло ќе се сретне со Лил.