Италијанскиот првак Милан со победа (4-2) над Удинезе ја стартуваше одбраната на титулата во Серија А. Илија Несторовски остана на клупата за резерви кај гостите, а Удинезе имаше сили за отпор во првото полувреме.
Родриго во втората минута донесе водство за Удинезе, но израмни Тео Хернандез од пенал во 11.минута. Анте Ребиќ само четири минути подоцна се погрижи за пресврт, но Масина непосредно пред полувремето израмни на 2-2.
Во вториот дел, Брахим Дијаз и Анте Ребиќ сепак ги расчистија дилемите околу победникот и бодовите останаа на „Сан Сиро“.
Аталанта ја победи Сампдорија на гости со 0-2, со головите на Толои и на Лукман.
<iframe width=’640′ height=’400′ src=’https://hotfooth.coolvidup.com/embed/qFGYI897t7oC2′ style=’border:none;’ allowfullscreen></iframe>