Големата звезда Златан Ибрахимовиќ се пензионираше по крајот на минатата сезона, а веќе оваа се појави нов фудбалер со истото презиме, се работи за 17-годишниот Аријон Ибрахимовиќ.
Ибрахимовиќ е фудбалер на Баерн Минхен кој оваа сезона игра на позајмица во Фросиноне.
Првпат стартуваше во Купот на Италија против Торино и постигна гол.
На натпреварот помеѓу Фросиноне и Емполи од Серија А, повторно доби шанса од стартот и повторно даде гол. Неговиот тим победи со 2-1, а тој го постигна вториот погодок. Тој беше прогласен и за играч на натпреварот, доби највисока оценка, што е импресивно за 17-годишен фудбалер.
Аријон Ибрахимовиќ е роден во Нирнберг. Почнал од школата на Гројтер Фурт, па се префрлил во Нирнберг. Од таму во 2018 година оди во академијата на Баерн Минхен со кој го потпишува и првиот сениорски договор.
За Баварците има само еден настап во финишот од минатата сезона кога влегол во 77. минута против Бохум.
Летово е пратен на позајмица во Фросиноне, тоа е првиот клуб каде може да ѝ покаже на јавноста за каков талент станува збор и одлично го прави тоа.
Ибрахимовиќ настапува за младинските репрезентации на Германија.