Пред натпреварот од Евролигата против Басконија, навивачите на Партизан скандираа тренерот Жељко Обрадовиќ да потпише нов договор, тој ги импресионираше со еден потег.
Актуелниот договор на Обрадовиќ со Партизан истекува по крајот на оваа сезона, поради тоа навивачите скандираа „договор за Жељко“.
Стратегот на Партизан ги воодушеви кога се потпиша на таблата која ја користи при тајм-аути. Со тоа веројатно сакаше да каже дека останува во црно-белиот табор.