Во НБА лигата фановите го видоа најдоброто забивање од стартот на сезоната, или најбруталното со оглед на тоа дека двајца кошаркари се пожалија на повреда.

Ентони Едвардс режираше вистинска атракција на гостувањето кај Јута и го разнесе својот чувар, Џон Колинс, но дури и самиот се пожали на мала болка во раката од моќноста и интензитетот.
Бравурозното забивање на Едвардс не остави никого рамнодушен и добар дел од соиграчите се држеа за глава, а убедливо највирална реакција имаше Кајл Андерсон.

Играчот на Минесота не можеше да поверува што направи неговиот соиграч, кој впрочем беше и најдобар играч на паркетот во победата од 104:114.

Покрај монструозното забивање, Ентони се истакна и во другите кошаркарски елементи, па зад своето име запиша 32 поени, 7 скокови и 8 асистенции.