Долгонајавуваниот заеднички настап на Лионел Меси, Нејмар и Килијан Мбапе не беше спектакл, туку разочарување. Еден од најгласните напади на сите времиња остана без гол против Клуб Бриж, клуб кој спаѓа во групата на аутсајдери во Лигата на шампионите, и кој против ПСЖ како домаќин сосема заслужено освои бод играјќи 1: 1.
Нејмар го заврши натпреварот без удар кон голот, Меси со оскуден број на добиени дуели, додека Мбапе се закани само еднаш во 50 одиграни минути.
Затоа со право треба да се загрижи тренерот на ПСЖ Маурисио Покетино, кој е свесен дека неговиот тим е преплавен со големи sвезди, но треба тоа да се покаже и на терен и да се одработи задачата.
Како ќе изгледа дербито во групата кога во второто коло ПСЖ го пречекува Манчестер Сити останува да видиме.