Последните информации од Островот се дека „граѓаните“ на Милан им го понудиле најскапиот Англичанец, Џек Грилиш кого го платија 100 милиони евра, но офанзивниот фудбалер за врска не може да влезе во првиот тим кај Гвардиола. Во замена за Грилиш, Сити од Милан го бара токму Леао.
Леао со Милан има договор до лето 2024 година, но ако Милан не издејствува нов договор, тогаш многу поизгледни се шансите веќе во јануари да го продаде за да му извади максимална цена, зашто сè потоа ќе ја намалува цената поради тоа што ќе влезе во последната година од соработката.
Португалецот на „Сан Сиро“ дојде во 2019 година од Лил, а во минатата сезона експлодира со 13 гола и 12 асистенции за прва шампионска титула после една деценија.