Стефан Бајчетиќ влезе во игра на гостувањето во Бирмингем за да внесе стабилност во дефанзивните задачи, но судбината посака младиот фудбалер да го постигна својот прв гол во професионалната кариера и да стави точка на натпреварот меѓу Астон Вила и Ливерпул.
Шпанецот со српско потекло има само 18 години и доби пофалби од Јирген Клоп по победата од 1:3 на „Вила Парк“, гостувањето кое ќе го памети по својот прв погодок во Премиер лигата.

– Неверојатно е ова што ми се случи. Влегов во игра за да помагам во одбрана, тоа е мојата работа на теренот.

– Сепак, кога видов дека топката оди накај Дарвин Нуњез, знаев дека можам да се испробам и да помогнам во офанзива. Знам дека тој е многу брз и претпоставив дека може да извлече нешто од таа ситуација.

– Влегов во шеснаесетникот, топката дојде до мене и постигнав гол. Искрено, не знаев што да правам, јас не сум навикнат да постигнувам голови. Кога топката влезе во мрежата, помислив на целата напорна работа која ја направив за да стигнам до тука. Се преселив од Шпанија многу млад и тоа ми беше тешко. Сега целиот труд почнува да се исплати, – изјавил Бајчетиќ за официјалната страна на Ливерпул.