Вулверхемптон на убедлив начин го совлада Ливерпул со 3-0 и направи скок од неколку места, подалеку од опасната зона на табелата во Премиер – лигата. Матип во петтата минута си постигна автогол, а Доусон во 12.минута зголеми на 2-0.
Третиот гол беше дело на Рубен Невеш во 71.минута од мечот.
Манчестер Јунајтед го совлада Кристал Палас со 2-1, и покрај тоа што половина час играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Кашемиро. Бруно Фернандеш од пенал донесе водство во седмата минута, а Маркус Рашфорд зголеми на 2-0. Џефри Шлуп во 76.минута постигна гол за надеж за гостите, но бодовите останаа на „Олд Трафорд“.
Брајтон го совлада Борнмут со 1-0, со голот на Каору Митома во 87.минута.
Лестер на гости славеше против Астон Вила со 2-4, а Брентфорд со 3-0 го победи Саутемптон.