На неполни два месеци до почетокот на СП во Катар, се разбира дека прво прашање е кој ќе стигне до титулата, кој ќе биде светски првак. Се користат разни методи, па дури и математички формули. Една таква формула направи извесен Јоаким Клемен, кој воедно работи како брокер. Интересно, тој на минатите два Мундијали според својата формула точно погоди кој ќе биде првакот, во 2014 тоа беше Германија а во 2018 светски првак стана Франција.
Клемен за претстојниот Мундијал вели дека светски првак ќе биде селекцијата на Аргентина, дека Меси и другарите во финалето ќе слават против Англија, додека во полуфиналето “гаучосите“ ќе ја победат Шпанија.
Останува да видиме дали Клемен и по третпат ќе успее да погоди.