По речиси пет часа тенис и пет неизвесни сета, Данил Медведев успеа да го елиминира Феликс Огер-Алиасим и да се пласира во полуфиналето на Австралија Опен.
По мечот Џим Куриер го праша како се чувствувал на меч топката на противникот, а Медведев призна дека никој друг освен Новак Ѓоковиќ му поминал низ глава.
Меч топка?Немам поим.Успеав добро да сервирам на меч топката,ама да беше втор сервис којзнае што ќе се случеше.На секој меч доаѓам со многу работи, носам многу маици и никогаш не можам да ја закопчам торбицата. Сега е празна, таков беше натпреварот“, рече Медведев и продолжи:
„Феликс сервираше неверојатно, играше и сервираше одлично. Не знаев што да правам. Не знам дали на публиката ќе и се допадне тоа што ќе го кажам, но се запрашав: „Што би направил Новак во ваков момент?’“, рече Медведев и предизвика различни реакции кај публиката, но најмногу свирежи.
„Тој е најголемиот шампион, па ми текна на него. Но, истото така и Рожер и Рафа“, додаде Данил за да ја „смири“ публиката.
“Го натерав да работи, ако сака да победи мора да се бори до последниот бод. Сакав да го натерам барем да се измори за следниот натпревар. И се исплатеше. Го сменив нивото на играта, и кога покривот беше затворен во тај-брејкот, почувствував дека го сменив моментот, почнав повеќе да напаѓам низ теренот, сервирав подобро и почнав да играм подобро“, изјави Медведев.
https://www.youtube.com/watch?v=S7u4RXz8nJ8