Кралскиот клуб Реал Мадрид утре го пречекува тимот на Рајо Ваљекано, а конечно би можел да има деби натпревар, големиот турски талент Арда Ѓулер.

Ѓулер дојде како огромен потенцијал од Турција, но уште нема дебитирано за Реал Мадрид, бројните повреди ги спречија фановитена Реал да го видат на дело.

Тоа конечно може да се случи утре. Ѓулер е во составот на Реал Мадрид, останува да се види само дали ќе влезе во игра.

„Тој тренира со тимот. Се разбира дека му се потребни минути, потребно е да игра, Арда ќе биде повикан за утрешниот натпревар“, вели Анчелоти.

„Ние ќе подготвивме посебен план со цел да ја подобриме неговата кондиција“.