Џирона не застанува,со четврта победа по ред се врати на првото место во Ла Лига. Каталонскиот тим Џирона потврди дека досегашните резултати во Ла Лига не се случајни и дека има капацитет да се бори за висок пласман.

На денешното гостување кај Осасуна, Џирона славеше со 4-2 за четврти триумф по ред и враќање на челната позиција во шпанското првенство пред утрешниот меч на Реал против Рајо Ваљекано. Со денешните четири гола, овој тим е најефикасен во лигата со 29 постигнати голови.

Натпреварот во Памплона го одбележаа два пресврта. Џирона поведе преку Мартин во 16. минута, Анте Будимир потоа постигна два гола за водство на домашниот тим, а од 71. до 90. минута, каталонскиот прволигаш три пати ја затресе противничката мрежа, преку Довбик, Циганков и Гарсија за конечна победа.

 

Осасуна сезонава игра многу лошо на домашен терен каде го претрпе четвртиот пораз на шесте досегашни натпревари.