Селта Виго не успеа да ја запре расположената Жирона, која триумфираше со 1-0 и го оствари 17. триумф во шпанската Ла Лига и се врати на врвот на табелата.

Жирона повторно беше подобра екипа на теренот, но постигна само еден гол преку Порту, иако имаше дури 15 удари кон противничкиот гол.

Екипата од Каталонија е лидер со 55 бодови од 22 одиграни меча, односно има еден бод повеќе од Реал Мадрид кој допрва треба да го одигра заостанатиот натпревар.