Екипата на Аталанта од Бергамо оствари убедлив триумф над Фрозиноне (5-0) во рамки на 20. коло од Серија А и се врати на победнички колосек во калчото.
„Божицата“ од Бергамо беше расположена и лесно го надигра ривалот. Три брзи гола во првиот дел и уште два во вториот донесоа убедлива победа за Аталанта која се врати во игра за едно од местата кои водат во еврокуповите.
Уште во 8. минута Копманјерс донесе предност од пенал, а во 13. минута на 2-0 зголеми Едерсон. Само една минута подоцна, Де Кетелар зголеми на 3-0 и тоа беше резултатот на паузата. Во последните десет минути, Запакоста и Холм ги поставија конечните 5-0.
За Аталанта ова беше десетта победа сезонава, додека Фрозиноне го доживеа петтиот пораз по ред, или вкупно единаесетти.