Реал Мадрид и Баерн Михен се многу блиску до договор за трансфер на бекот Алфонсо Дејвис на Сантијаго Бернабеу.
Според шпанските медиуми, Реал Мадрид одлучил да ја прифати бараната сума од Баерн Минхен која изнесува 50 милиони евра за Дејвис.
Репрезентативецот на Канада ќе стави потпис на четиригодишен договор со кралскиот клуб.
Актуелниот договор на бекот со Баерн Минхен истекува во јуни 2025 година, па Баварците доколку не го продадат на лето, ризикуваат да го загубат бесплатно.