Бразилскиот репрезентативец Родриго синоќа ги постигна двата гола за Реал и му донесе победа против Атлетик Билбао, а по дуелот одговараше на прашањата на новинарите.

Меѓу другото, дали го очеува доаѓањето на Килијан Мбапе чиј трансфер е најавен за претстојното лето. Од одговорот можеше да се насети дека Родриго не е многу среќен од таквиот развој на настаните.

„Уште не знам дали Мбапе доаѓа. Мислам дека е блиску, сите зборуваат за тоа, но ни јас не знам што се случува. Не знам, многу не има, ќе видиме што ќе одлучи тренерот“, изјави Родриго.

Доаѓањето на Мбапе ќе го оптовари буџетот на Реал, а и ќе ја засили конкуренцијата во нападот и извесно е дека некој ќе мора да си оди. Се посериозно се шпекулира дека тој „некој“ ќе биде токму Родриго.