Астон вила го оствари 14. триумф во Премиерлигата, откако вечерва со 5-0 триумфираше на гостински терен кај Шефилд јунајтед.
Екипата од Бирмингем тргна фуриозно кон голот на домаќините и до 30. минута веќе постигна четири гола. Стрелци на погодоците беа МекЏин, Воткинс, Бејли и Тилеманс.
Морено во 47. минута погоди за 5-0, по што Шефилд постигна гол во 91. минута преку Вини Соуза, но голот беше поништен поради офсајд.
Астон вила има 46 бодови, колку што имаат и Арсенал и Манчестер сити, па се наоѓа на делба на третата позиција во Премиерлигата.