Поранешниот фудбалер на Барселона, Марк Бартра кој ја заврши кратката авантура во Трабзонспор и се врати во Бетис, на пријателски натпревар против Барнли постигна гол за паметење.

Натпреварот меѓу Бетис и Барнли заврши нерешено 1-1, а се зборува за маестралниот гол на Марк Бартра.

Бартра шутираше од својата половина и постигна спектакуларен гол, а голманот на Барнли се удри во стативата во обидот да одбрани.