Францускиот гигант Пари Сен Жермен се мачи на пријателските средби во Јапонија каде после ремито со Ал Наср (0-0) загуби од Серезо Осака со 3-2 иако двапати водеше на овој натпревар.
На средбата против Осака стрелци за „светците“ беа Eкитике и Витиња со тоа што вториот гол на Португалецот падна по спектакуларната асистенција со пета на напаѓачот.
Екитике имаше фантастична реакција и ја измами домапната одбрана со магија која донесе погодок.
Сепак ова не беше доволно за поволен резултат затоа што Серезо Осака направи пресврт кој со мајсторски удар го комплетираше ветеранот Шинџи Кагава.
https://twitter.com/goncalo_diass17/status/1684900202090553344?s=20
Инаку на двете средби во Азија за ПСЖ не настапи Килијан Мбапе, а тоа дефинитивно се почуствува во играта и резултатите на тимот предводен од Луис Енрике.