Нашиот тенисер Калин Ивановски има одличен настап на фјучерс турнирот кој се игра во Крамсак, Австрија. Најдобриот македонски тенисер ќе игра во полуфинале откако денеска со 2:0 во сетови го победи домашниот тенисер Сандро Коп.

Во првиот сет Ивановски беше подобар со 7:6 откако беше подобар во тајбрејкот, додека во вториот нашиот тенисер направи клучен брејк за да го добие сетот со 6:4 и да се радува на победа. Пред овој триумф, Ивановски имаше уште две чисти победи од 2:0 против австриски тенисери.

Во полуфиналето, противник на Калин ќе биде Ерхард од Франција.