Поранешниот прв рекет во светот Новак Ѓоковиќ е на добар пат да го освои Вимблдон, а последна пречка на патот кон 21. гренслем-трофеј во кариерата е контроверзниот Ник Кирјос, но сепак и со титула Србинот го чека пад на АТП-листата.
Оваа година на Вимблдон не се доделуваат бодови поради тоа што организаторите на турнирот ги исфрлија руските и белоруските тенисери, па АТП донесе одлука која најмногу ќе ја почуствува Ѓоковиќ, кој ќе загуби 2.000 бодови в понеделник.
Ѓоковиќ го чека пад до седмата позиција на АТП-листата на почетокот на следната недела, но сепак утеха може да му биде освојувањето на трофејот со што би му се доближил на Рафаел Надал, кој има 22. трофеи на гренслем-турнирите.