Македонскиот репрезентативец е дел од новата златна генерација на Наполи која го повтори успехот од пред повеќе од 30 години, бидејќи овој тим на Лучијано Спалети направи нешто што се чекаше во Неапол од 1990-та година.
Наполи единствените титули во Серија А ги освои кога лидер на тимот беше неповторливиот аргентински ас Диего Армандо Марадона, а три години по неговата смрт, Елмас и соиграчите се нови херои во градот под Везув.
Честитки за успехот на Наполи доаѓаат од сите страни од светот, но навистина интересна е и онаа која ја испрати самиот Елмас преку социјалните мрежи.
– Ние доаѓаме од мали земји како Македонија, Косово, Грузија, Словачка, Нигерија и Камерун, останатото е ИСТОРИЈА. Сонот на Неапол стана реалност, – порача Елмас.