Во италијанската Серија Б беше постигнат гол, кој многу наликува на совршеното ремек-дело на Дејвид Бекам од 1996 година, на натпреварот Манчестер јунајтед – Вимблдон. На дуелот помеѓу Перуџа и Каљари, голот за 3-0 уште по првиот дел го постигна Бразилецот Пауло Изи, кој наместо да истрча контра снајперски го лобува противничкиот голман од половина терен.