Фудбалерите на Челси не играат добро на почетокот на оваа сезона, а уште една потврда за тоа стигна оваа вечер во која избрниците на Томас Тухел претрпеа пораз од Саутемптон од 2-1.
„Сините“ важеа за фаворити на овој дуел кој започна одлично за нив со погодокот на Стерлинг во 23 минута. Меѓутоа преостанатиот дел од првиот дел им припадна на домаќините кои успеаа да го свртат резултатот во своја полза.
Прво мрежата на Менди ја затресе младиот Лавиа во 28 минута за да во судиското продолжение Армстронг стрела за 2-1. Во второто полувреме немаше промени, па така Саутемптон го прослави вториот сезонски триумф, додека за лондончани ова беше втор пораз.