Составот на Кристал Палас не успеа да ги освои трите бода на вечерашната пресметка против Брентфорд (1-1), но без разлика на конечниот резултат никој не може да ја засени мајсторијата на Вилфред Заха.
Офанзивецот уште еднаш потврди дека е главен играч на клубот од Лондон и со еден магичен погодок во стилот на Тјери Анри ја крена на нозе публиката на „Селхрст Парк“.