Натпреварот го одбележа моментот во 67. минута кога тренерот на Специја, Тиаго Мота беше принуден да ја направи најбизарната промена во кариерата. Играчот на Специја, М’Бала Нзола, мораше да ја напушти играта само седум минути по влегувањето на теренот бидејќи судијата виде дека има обетки на ушите.
Накитот е забранет на фудбалски натпревари, но на фудбалерите во некои случаи им е дозволено доколку е соодветно преврзан. Тоа не беше случај со играчот на Специја, па Мота мораше да го извади од игра.
https://twitter.com/FootbalDevils/status/1515043556364554246?s=20&t=g5SYM-q_bMe2S8ROyaoNsQ