Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, направи четири промени во составот за денешниот меч против Гибралтар.
Македонија тргнува со Илиев на голот, Тодоровски како десен бек, Серафимов и Муслиу на стоперските позиции, а Езгјан Алиоски како лев бек.
Енис Барди и Стефан Спировски заедно со Бобан Николов ќе играат во средниот ред, а Елиф Елмас, Александар Трајковски и Милан Ристовски во нападот.
Натпреварот меѓу Гибралтар и Македонија се игра на стадионот „Викторија“ во Гибралтар од 18 часот, а судија е Алан Дуро од Луксембург.