Тренерот на Реал Мадрид, Пабло Ласо доживеа срцев удар.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, тренерот на Реал Мадрид доживеал срцев удар во неделата наутро.
Пабло Ласо e хоспитализиран и е во стабилна состојба, а по деталните прегледи ќе се утврдат понатамошни чекори за неговиот случај.
Мадриѓаните имаа прилично турбулентна сезона, бидејќи по многу проблеми се издигнаа и стигнаа до финалето на Евролигата во Белград, кое го загубија во последните моменти по голема драма од Ефес.
Во саботата вечерта Реал Мадрид без поголеми проблеми ја победи Басконија и води со 2-0 во серијата.