Споменик на кошаркарот и неговата ќерка е подигнат на местото на хеликоптерската несреќа во која загинаа Коби и Џана Брајант на 26 јануари 2020 година, како и уште седум лица на втората годишнина од трагедијата. Автор на скулптурата висока 122 сантиметри и тешка 73 килограми е Ден Медина, а во нејзиниот долен дел се испишани имињата на сите жртви и пораките: „Хероите доаѓаат и си одат, но легендите се вечни“.


Авторот изјавил дека ова е само привремен споменик и дека ќе го отстрани еден ден подоцна, но се надева дека градот Лос Анџелес ќе му овозможи трајно да подигне нов, во природна големина. Не се наведува дали авторот претходно се консултирал со вдовицата Ванеса Брајант или со семејствата на другите жртви, а нивната согласност секако ќе биде еден од условите за постојан споменик.