Тренерот на Атлетико (М), Чоло Симеоне, се соочи со нов играчки проблем, откако стана јасно дека уште двајца фудбалери се повредија и нема да бидат на терените во период од 3 до 4 недели. Станува збор за Маркос Љоренте и Џофри Кондогбиа, кои се повредија за време на полуфиналето од шпанскиот Суперкуп против Атлетик Билбао.

Љоренте доживеа релапс на повредата на мускулот што ја заработи против Севиља на 18 декември. Шпанецот ќе биде надвор од терените 3 недели.

Повреда на мускулот заработи и Кондогбиа. Тој, пак, нема да може да игра еден месец.