Фудбалската репрезентација на Мароко заврши како лидер во групата Ц на Африканскиот куп на нации, бидејќи одигра 2:2 против Габон во многу интересен натпревар.
Стрелец на водечкиот гол за тимот на Гелор Канде беше Џим Алевин во 21. минута од натпреварот, откако ја искористи катастрофалната реакција на мароканскиот дефанзивец.
Израмнувањето за Мароко го донесе Софијане Буфал од пенал во 73. минута, а осум минути подоцна Агуерд со автогол обезбеди ново водство за Габон.
Вреден бод на Мароко му донесе фудбалерот на ПСЖ, Ашраф Хакими, кој постигна еврогол од слободен удар во 84. минута.
Со овој бод Мароко заврши како лидер на табелата, додека Габон ќе мора да се задоволи со второто место.
https://www.youtube.com/watch?v=_nxqtTvN9xUПо два воведни порази, репрезентацијата на Комори славеше против Гана со 3:2 и со три бода заврши на третото место во групата.
Водечкиот гол на оваа екипа го даде државјанинот на Србија и фудбалер на Црвена звезда, Мохамед Ел Фарду Бен.
Крилниот напаѓач на белградските црвено-бели уште во четвртата минута ја затресе мрежата на Гана, откако искористи одлично додавање во просторот и во поблискиот агол го совлада голманот на ривалот.
Големо охрабрување за Коморите следуваше во 25. минута кога беше исклучен Андре Ају, а на 2:0 зголеми Ахмед Монџи во 62. минута на асистенција на Бен.
Упати извонреден удар со левата нога, голманот на Гана беше немоќен.
Дека ова е дефинитивно црвено-бела вечер во Африка се виде во 64. минута кога поранешниот напаѓач на Звезда, Ричмонд Боачи ја врати Гана во игра во 64. минута постигнувајќи гол со глава по корнер.
Веќе во 77. минута беше 2:2 кога израмни Александре Џику на 2:2.
Се чинеше дека мечот ќе заврши нерешено, но во 85. минута Монџи им донесе голема победа на Коморите кои ја испратија Гана на последното место со само еден освоен бод во три натпревари.
https://www.youtube.com/watch?v=pzCAOgU8Wb8