Премиерлигашите Лестер и Тотенхем одиграа нерешено 1-1, а одличниот Џејми Варди е херојот на домаќините кои повторно се во Премиерлигата.
Тотенхем имаше повеќе од играта, но не успеа да дојде до целиот плен иако водеше.
Во 29. минута по асистенција од Медисон, Педро Поро постигна гол за водство на гостите од Лондон.
По 13 минути игра во вториот дел, Џејми Варди погоди за 1-1, што беше и конечен резултат на дуелот со што му донесе важен бод на Лестер.