Екипите на Виљареал и Атлетико Мадрид одиграа нерешено 2-2, а тимот на Диего Симеоне на двапати беше во негатива.
Домаќините поведоа со гол на Данџума во 18. минута, но само две минути подоцна Љоренте го изедначи резултатот на 1-1.
Во вториот дел подобар ривал беше Атлетико, меѓутоа не успеа да креира опасни акции и шанси за да дојде до победата. Деби за новиот клуб имаше и скапото засилување од Манчестер Сити, Хулиан Алварез, кој доби петнаесетина минути.
Во 37. минута Коке си постигна автогол и ја врати предноста на Виљареал, а во судиското продолжение од првото полувреме деби гол за Атлетико Мадрид постигна поранешниот играч на Виљареал, Сорлот за конечни 2-2.