Лидерот на Бундес лига, Унион Берлин се зацврсти на врвот откако ја совлада Борусија Дортмунд на домашен терен со 2-0. Двоен стрелец на овој натпревар беше Јаник Хаберер, во осмата и во 21.минута од дуелот.

Унион Берлин сега има 23 бода и во моментот има пет бода предност пред второпласираниот Фрајбург.