Екипата на Ал Хилал од Саудиска Арабија го урна светскиот  рекорд по број на едноподруго победи во сите натпреварувања. Во 26 коло на шампионатот на Саудиска Арабија, Ал Хилал победи со 3:0 и со тоа ја одбележа 31. победа.

Ал Хилал минатиот месец го надмина претходниот рекорд на велшки Њу сеинтс од 27 едноподруго победи. Нивната серија надмина 30-ка и се подобрува.
Во шампионатот на С.Арабија, Ал Хилал е прв со 71 бод (23 победи и две ремија).