Македонскиот интернационалец, Даниел Аврамовски продолжи дадасва голови во дресот на Болуспор во втората лига на Турција.
Офанзивецот ја затресе мрежата на Генчербирлиги, меѓутоа тоа не беше доволно за неговиот тим да оствари позитивен резултат (2-1) на овој дуел од 28. коло.
Инаку Аврамовски има постигнато пет голови на единаесет средби за Болуспор и е еден од најдобро оценетите играчи на оваа екипа.
Со 43 бода Цујо и компанија се на осмото место на табелата.
https://twitter.com/i/status/1775191190675116069