Манчестер Јунајтед моментално бара квалитетно решение за тренерската позиција од која викендов си замина Норвежанецот Оле Гунар Солскјаер.
Според сите информации кои ги нудат островските медиуми, прва желба на Манчестер Јунајтед е Аргентинецот Маурисио Покетино, но во моментов таквата опција не изгледа реална бидејќи Покетино има солидна позиција, но и договор, во Париз Ст. Жермен.
Во британските написи се наведува и дека Џон Муртоу, спортскиот директор на клубот од Олд Трафорд, извршил прелиминарни разговори со 57-годишниот Ернест Валверде, Шпанец чија последна работа беше во Барселона. Манчестер Јунајтед е во контакт со него, но засега нема детални информации.
Од мај 2017 до јануари 2020 година, Валверде беше тренер на Барселона со која освои две титули во шпанската Примера дивизија и оттогаш е без работа. Пред тоа, тој остави најдлабока трага во неколку наврати како тренер на Атлетик Билбао, а беше тренер и на Еспањол, Олимпијакос, Виљареал и Валенсија.
Додека Манчестер Јунајтед бара подолгорочно решение, Мајкл Керик привремено е на неговата тренерска клупа.