Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Грузија со 0-3 на Националната арена „Тодор Проески“ и ги загуби шансите за првото место во групата кое води во плеј-оф за пласман на ЕВРО 2024. Теорија се уште постои, но Грузија ја оствари третата победа и со девет бода е убедливо напред на табелата.
Елиф Елмас имаше два одлични обиди во првиот дел, но шутираше директно во противничкиот голман Ѓорѓи Мамардашвили. Александар Трајковски упати проектил, но за малку беше непрецизен, а Енис Барди се обиде од слободен удар, но директно во голманот.
Грузија додаде гас на почетокот на второто полувреме и го реши мечот.
Буду Зивзивадзе во 52.минута го совлада Столе Димитриевски по центаршутот од левата страна, а десет минути подоцна Квича Каварачкелија со силен удар од 25 метри зголеми на 0-2.
Во завршницата, Отар Китеишвили постигна трет погодок во 84.минута и дефинитивно го реши дуелот.
Македонија на 12 јуни ќе го пречека Гибралтар во следното коло од Лигата на нации. Гибралтар вечерва ја изненади Бугарија на домашен терен играјќи 1-1.