Данска е светски првак во ракомет но се смени името на новиот МВП-играч. Микел Хансен од пред две години, сега е заменет со Матијас Гидсел.
Извонредниот десен бек на Данска е избран за најкорисен ракометар на Мундијалот, со одличниот впечаток кој го остави 23-годишниот играч на Фуксе Берлин, и статистички. Гидсел е и најдобар стрелец на првенството, со 60 гола од девет меча.
Само еден ракометар на Данска е во Ол стар тимот, меѓу ѕвездените седум и тоа 22-годишниот Симон Питлик, на левата бековска позиција. По двајца претставници имаат Франција и Шпанија. Анхел Фернандес е најдобро лево крило, а Алекс Душебаев е најдобар десен бек, иако во тимот е и Недим Ремили, кој по вокација е десен бек, но овде е избран на средната бековска позиција.
Вториот Французин во ол-стар тимот е пивотот Лудовиг Фабрегас, единствениот кој беше дел од ѕвездениот тим и на минатото Светско првенство. Никлас Екберг од Шведска е најдобро десно крило, а чуварот на мрежата на Германија, Андреас Волф е најдобар голман. Втор Германец со поединечно признание е 22-годишниопт Јури Кнор, кој наместо да биде признат како најуспешен среден бек, доби награда за најдобар млад ракометар.