Новак Ѓоковиќ повеќе не е на врвот на АТП-листата. Дека тоа ќе се случи стана јасно по поразот на Ѓоковиќ во Дубаи минатата недела .
Новак Ѓоковиќ ја загуби лидерската позиција на АТП-листата. Јиржи Весели му помогна на Данил Медведев, го совлада Ѓоковиќ во два сета во четвртфиналето во Дубаи и по тој момент беше јасно дека Русинот оди кон врвот.
Медведев има 150 поени повеќе од Ѓоковиќ, кој е цврсто на второто место со повеќе од 900 поени повеќе од третопласираниот Александар Зверев.
Напредок на АТП-листата, по освојувањето на турнирот во Акапулко, направи Рафаел Надал кој го прескокна Стефанос Циципас и се најде на четвртото место, Андреј Рубљев го прескокна Матео Беретини и сега е шести, а Хуберт Хуркач влезе во Топ 10.
АТП ранг листа:
1. Данил Медведев (Русија) 8.615
2. Новак Ѓоковиќ (Србија) 8.465
3. Александар Зверев (Германија) 7.515
4. Рафаел Надал (Шпанија) 6.515
5. Стефанос Циципас (Грција) 6.445
6. Андреј Рубљев (Русија) 5.000
7. Матео Беретини (Италија) 4.928
8. Каспер Руд (Норвешка) 3.915
9. Феликс Огер-Алиасиме (Канада) 3.883
10. Хуберт Хуркач (Полска) 3.496