„Дејли Мејл“ објави дека украинскиот селектор Олександр Петраков има надеж дека неговиот тим ќе одигра неколку пријателски натпревари пред да се соочи во баражот против Шкотска во полуфиналето.
Натпреварот веќе требаше досега да биде одигран, меѓутоа истиот беше одложен поради руската инвазија во Украина, па фудбалерите беа спречени да играат регуларен фудбал, а многу од нив се приклучија на армијата.
Селекторот сака да организира неколку пријателски натпревари, а се шпекулира дека ќе се игра против премиерлигашите на „Вембли“ при што сите пари од влезниците ќе бидаат донирани за големите штети во Украина.