Јапонецот Риоју Кобајаши победи во Оберсдорф, на првата станица од четири скокалници.
До победата дојде со вкупно 302 поени, пред Норвежаните Халвор Егнер Гранеруд и Роберт Јохансон.
Јапонскиот скокач ја потврди добрата форма, а добрите скокови од квалификациите ги префрли на главниот натпреварувачки ден.
Зад Норвежаните на подиумот се најде уште еден нивни земјак – Мариус Линдвик, додека најдобриот во генералниот пласман Карл Гајгер заврши петти.
Во Топ 10 во Оберсдорф се најдоа и Словенецот Ловро Кос, Германецот Маркус Ајзенбихлер, Австриецот, Даниел Хубер, уште еден Германец Стефан Леје и Швајцарецот Грегор Дешванден.
Најголемото изненадување по првото коло беше испаѓањето на трикратниот шампион од четирите скокалници, актуелниот шампион, Камил Штох, кој скокна само 118 метри и го загуби дуелот од Цене Превц.
Светскиот рекордер Штефан Крафт се пласираше во финалето како лесен губитник, додека Германецот Северин Фројнд и покрај тоа што победи во дуелот со Трофимов, остана без пласман .
Што се однесува до генералниот пласман, Гајгер и натаму е прв со 639 бодови и има 43 повеќе од Кобајаши.
Релативно блиску до нив е Халвор Егнер Гранеруд со 441 поен, Маријус Линдвик има 387, Штефан Крафт 380, Анже Ланишек 367 …