Во средбата од првото коло од групата Б на Европското првенство во кошарка, Босна и Херцеговина беше подобра од Унгарија со 95:85.
Многу важен натпревар за Босна и Херцеговина и Унгарија веќе на стартот од групата Б на Европското првенство. Групата е многу тешка и двете екипи знаеја колку е важен овој натпревар за нив доколку сакаат да се пласираат во следната фаза од натпреварувањето.
Со неодамнешната победа против Франција, Босна и Херцеговина покажа дека е сериозна и добра репрезентација, но Унгарија во овој меч влезе подобро и порелаксирано.
Во случајот со Босна и Херцеговина, имаше грч во играта на почетокот, особено во фазата на напад каде работите не функционираа добро. Сепак, не им требаше многу време на репрезентативците на Бекир да започнат со подобра игра и да ја преземат контролата на натпреварот.
Џанан Муса, Јусуф Нуркиќ, Џон Роберсон и Миралем Халиловиќ ја носеа играта на Босна и Херцеговина, која поведе на почетокот на вториот дел и го одржуваше водството во остатокот од натпреварот.
Унгарците се обидоа да се вратат, но од 56:56 се беше во корист на БиХ, која не го испушти водството.
Во еден момент од четвртата четвртина Унгарија успеа да намали на 80:78, но потоа почнаа три црни минути на Унгарците, Босна и Херцеговина направи серија од 10:0 и го заокружи дуелот.
Муса забележа 19 поени, пет скока и шест асистенции, Нуркиќ исто така додаде 19 поени, Роберсон 18 со пет асистенции, а Халиловиќ 16 со девет скока. За Унгарија Шилард Бенке постигна 20 поени со шест асистенции, а Адам Ханга додаде 16 поени и седум скока.
Европско првенство, група Б, прво коло:
БиХ – Унгарија 95:85