Екипата на Далас Маверикс го задржа максималниот учинок на домашен терен и славеше над Сакраменто Кингс со 105-99 во првиот натпревар од вечерашната програма во НБА лигата.
Ова беше средба во која видовме доста борба, двата состави си имаа свои моменти, црни минути за да на крајот се се решава во четвртата четвртина. Потегот на натпреварот го имаше првата ѕвезда на Маверикс, Лука Дончиќ кој на 4 минути до крајот постигна луда тројка од скоро половина терен или поточно од логото.
Нападот истекуваше, Словенецот беше притиснат од противниците, меѓутоа успеа некако да се снајде и со луд кош да го однесе својот тим на плус шест (95-89), предност која Далас потоа ја сочува до самиот крај.
Лука со 23 поени, 8 скока и 10 асистенции беше најдобар поединец кај побендикот, одлична поддршка беше Хардавеј Џуниор со 16 кошеви. Кај поразените Холс со 22 поени ја предводеше листата на стрелци