Колумбискиот напаѓач, Радамел Фалкао, покажа дека му лежи фудбалот кој се игра на Пиринеите.
Иако е во 36 година од животот, а повредите одамна почнаа да го мачат, популарниот „ел Тигре“ покажува дека тој се уште поседува избрусен гол инстинкт.
На двата натпревари одиграни за неговиот нов тим, Рајо Валeкањо, постигна исто толку голови, а по Гетафе, негова жртва беше Атлетик Билбао, кој Рајо го доби со 2: 1.
Фалкао го постигна голот за победа над Баскијците во 96. минута од играта.
Цел натпревар одигра и нашиот репрезентативец Столе Димитриевски кој во досегашниот тек на првенството брани одлично и е еден од најдобрите голмани во Ла лига
Рајо со оваа победа по шест одиграни натпревари, се проби на четвртата позиција на табелата со 10 освоени бода.