Премиерлигашот Брентфорд на домашен терен успеа да триумфира над Нотингем Форест (3-2), а натпреварот го одбележа враќањето на суспендираниот Ајван Тони во составот на домашните по осуммесечна суспензија.
Тони беше суспендиран поради обложување, осум месеци беше отсутен од терените, а ова му беше прв натпревар по издржувањето на казната. Нотингем Форест во 3. минута дојде во водство преку Данило, а потоа следуваше голот на Тони.
Се играше 19. минута кога Брентфорд доби слободен удар. Тони ја презеде одговорноста, а успеа да погоди во мрежата иако имаше петмина во живиот ѕид. Во вториот дел Ми донесе пресврт, а иако Вуд израмни на 2-2, Маупај ги постави конечните 3-2.
Брентфорд со оваа победа ја прекина низата од пет порази во Премиер лигата.