Очигледно првиот човек на ФИФА Инфантино и тимот околу него се решени да направат повеќе пари од фудбалот.
Еден од неговите најблиски соработници и сегашен прв човек на ФИФА за глобален фудбалски развој, Арсен Венгер, побарал помош од 10 фудбалски легенди за да се обидат да ги спроведат радикалните планови за Светското првенство.
Управниот орган на светскиот фудбал сака да го смени сегашниот формат на Светското првенство, па наместо на секои четири години, Мундијалите да се одржуваа на секои две години.
Идејата предизвика огромни реакции во Европа, како и клубовите на Стартиот континент. Во остатокот од светот има поддршка за идејата, што значи дека плановите на ФИФА би можеле да бидат поставени пред сите 211 членки на ФИФА следната година.
За да добие поголем притисок за радикалната промена, Венгер побарал помош од 10 познати поранешни фудбалери како Џон Тери, Мајкл Овен, Дидие Дрогба и Жереми, но и германските легенди Јирген Клинсман и Лотар Матхаус, како и победникот со Италија на Светското првенство 2006 година, Марко Матераци.
Составот на оваа ѕвездена група го сочинуваат и Роберто Карлос, Питер Шмајхел и Јаја Туре.