Фудбалската репрезентација на Португалија без проблеми го победи Азербејџан со 3:0 како гостин.

Португалците на овој натпревар иако настапија без првата виолина Кристијано Роналдо, немаа поголеми проблеми на овој натпревар и лесно постигнаа нови три бода.

Барнардо Силва и Андре Силва ги „стартуваа“ ривалите во првото полувреме, а победата ја заврши Диого Јота во 75. минута со асистенција на фудбалерот на Манчестер Сити, Жоао Кансел.

Кансело одигра уште еден многу добар натпревар, и неговиот потег што ќе го направи ќе биде на ТВ уште долго време.

Тој успеа да засрами двајца фудбалери на противничкиот тим за неколку секунди. Со многу леснотија уепа да им ја протне топката низ нозе на двајца едноподруго.

https://twitter.com/ProjectFootbalI/status/1435552655062016001?s=20